Видео: Дончиќ „збесна“ и со 11 поени по ред го сруши Хјустон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со неверојатна игра во последните три минути од мечот Лука Дончиќ му донесе победа на Далас против Хјустон од 107:104, иако неговиот тим беше пред пораз.

На три минути до крајот Хјустон имаше водство од осум поени разлика 102:94, а потоа топката ја зема Лука Дончиќ и направи серија од 11:0. Постигна три тројки и имаше еден влез за вкупно 11 поени со кои му донесе триумф на Далас.

Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 21 поен, исто колку што имаше и Метеус. Најефикасен на мечот беше Џејмс Харден со 35 поени.

Останати резултати:

Индијана – Сакраменто 107:97
Атланта – Денвер 106:98
Кливленд – Вашингтон 116:101
Њујорк – Бруклин 104:112
Чикаго – Бостон 77:133
Мемфис – ЛА Лејкерс 88:111
Портланд – Минесота 113:105
ЛА Клиперс – Мајами 98:121