Видео: Бостон на чекор до финале на Истокот!

Бостон Селтикс поведе со 3-2 во полуфиналната серија на Истокот, откако во петтиот меч славеше над Вашингтон Визардс 123-101.

Тимската игра, која особено беше изразена во првиот период, му ја донесе на Бостон победа во петтиот меч од полуфиналната серија со Вашингтон. Домаќинот со серија 16-0 ја презеде контролата врз натпреварот уште од почетокот.

Ејвери Бредли со личен плејоф рекорд, 29 поени, го предводеше Бостон до третата победа во оваа серија. Одличен меч за Селтикси одиграа Ал Хорфорд (19 поени, 6 скока, 7 асистенции), односно Ајзеа Томас и Џае Краудер кои постигнаа по 18 кошеви.

Вашингтон вообичаено го предводеа Џон Вол и Бредли Бил, овојпат со 21, односно 16 кошеви.