Home Спорт Видео: Бостон го „прегази“ Кливленд во првиот финален меч

Видео: Бостон го „прегази“ Кливленд во првиот финален меч

Бостон супериорно ја отвори финалната серија на Истокот и во првиот натпревар го совлада Кливленд со 108:83.

Селтикси уште во првата четвртина ја најавија победата откако по 12.минути остварија 18 поени предност (36-18), а на полувремето веќе да водат со 26 поени разлика (61-35).

Во вториот дел само рутинирано ја одржуваа предноста за на крајот за остварат победа со конечни 108-83.

Играч на натпреварот е Маркус Морис, кој одигра феноменална одбрана против Леброн Џејмс но и забележа 21 поени и 10 скока. Младиот Џејлен Браун беше најефикасен кај Селтикс, со 23 поени и 8 скока.

Кевин Лав со 17 поени беше најефикасен кај гостите за кои Леброн Џејмс постигна 15 поени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…