Home Спорт Видео: Бејлу со лесен нокаут го „пензионираше“ шампионот Хеј

Видео: Бејлу со лесен нокаут го „пензионираше“ шампионот Хеј

Тони Белју најверојатно стави крај на кариерата на светскиот шампион Дејвид Хеј, откако три пати го сруши на земја пред да го нокаутира во петтата рунда.

35-годишниот Белју, во најдобрата форма во кариерата, успеа да го избегне нападот на Хеј во третата рунда од мечот во тешка категорија, за потоа да го прати својот ривал на подот со сигурна левица.

Во петата рунда Белју со лево кроше по трети пат го уриваше Хеј. Успеа да одговори на броењето, но по следниот напад судијата ја прекина борбата.

Во првиот меч во март минатата година Белју славеше со техничкиот нокаут во 11-тата рунда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…