Home Спорт Дарио Ивановски е победник во полумаратонската трка на Скопскиот маратон

Дарио Ивановски е победник во полумаратонската трка на Скопскиот маратон

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник во полумаратонската трка на Виз Ер Скопскиот маратон со резултат од 1 час, 9 минути и 10 секунди.

Атанас Анчевски заврши втор со 1.14.44 и трет беше Милош Ранчиќ со 1.15.56. Од жените во генералниот пласман првите три места ги земаа Миљана Ристиќ со 1.29.15, Амела Трозиќ со 1.32.22 и Силвија Шимуновиќ со 1.35.06.

По полумаратонот Ивановски изјави дека напредува и оти изминатиот период се подготвувал во Белград со многу силни атлетичари.

Трката на пет километри беше најмасовна. Кај машките натпреварувачи први беа Цветковски, Кристијан Стојани, Леонид Вандевски, а кај жените Греса Бакрачи, Марго Бојаџиева, Викторија Ѓорѓеска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…