Видео: 40 секунди фудбалски хорор за кој зборува цела Англија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во 24-то коло во Премиер лигата Манчестер Јунајтед рутински го совлада шампионот Лестер со 3:0 со головите на Михтарјан, Ибра и Мата.

Тоа беше 15-от последователен натпревар на „црвените ѓаволи“ без пораз во првенството, додека актуелниот шампион веќе пет натпревари во низа немаат постигнато гол.

Но, треба да се истакне моментот кој се случи неколку секунди пред постигнување на првиот гол. Имено, според пишувањето на англиските медиуми гледачите на стадионот можеа да ги видат можеби најлошите 40 секунди фудбал оваа сезона.

И едниот и другиот тим во неколку наврати панично ја избиваа топката што предизвика смеа на социјалните мрежи. Многумина велат дека Премиер лигата е најдобра во светот, но на овие 40 секунди никој не остана „имун“.