Верна сенка на фудбалскиот ас – запознајте го телохранителот на Меси кој годишно заработува вистинско богатство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако Лионел Меси пристигна во Америка, поточно во МЛС каде настапува во дресот на Интер од Мајами, луѓето почнаа да забележуваат до него човек кој никогаш претходно не му правел друштво. Ликот со избричена глава и долга црна брада се претвори во верна сенка на Лео Меси и го следи речиси на секој чекор – се грижи за него кога наоколу има навивачи на неговиот или на противничкиот тим, а се вели дека е со Аргентинецот и кога Меси не е во близина на фудбалски стадиони.

Станува збор за бившиот ММА борец Јасин Чеуко, кој ја оставил својата кариера на страна за да се посвети на новата работа – заштита на Лионел Меси. Чеуко тренира цел живот и неговото извајано тело е доказ за тоа, а една од адутите што го привлече да ја запостави кариерата во боречки вештини во корист на безбедноста на Аргентинецот е неговата плата – тој заработува дури 230.000 евра месечно.

Според информациите кои доаѓаат од САД, сумата не ја плаќа најдобриот фудбалер на сите времиња, туку Дејвид Бекам. Легендарниот англиски фудбалер е сопственик на Интер од Мајами, а оваа сезона дел од парите ги троши на Јасин кој се грижи за безбедноста на првата ѕвезда на тимот.

Како дел од договорот кој трае сè додека Меси е во Мајами, Јасин засега не смее да „покажува“ фотографии со најдобриот играч на сите времиња на социјалните мрежи, што максимално ги почитува.

Како и Дејвид Бекам, најважно за Јасин е Лионел Меси да е безбеден. Тоа се одразува на неговите движења секогаш кога Меси е во центарот на вниманието – секогаш е неговата „сенка“, човекот кој се грижи да не се случи ништо неочекувано. Многумина го забележаа и за време на натпреварите во МЛС – кога оди покрај теренот како лав во кафез, подготвен да истрча на теренот при најмал знак на непријатност и да го заштити својот клиент.