Home Актуелно Вербален напад: Новинарот Борјан Јовановски исплукан в лице во Воденица

Вербален напад: Новинарот Борјан Јовановски исплукан в лице во Воденица

Новинарот Борјан Јовановски, денеска додека седеше во ресторанот Воденица, млад човек со капа на глава вербално го нападна за потоа и да го исплука во лице.

Додека се случуваше инцидентот, друго лице снимало со телефон. Еве што пишува Јовановски:

Бев на ручек со мојот пријател и колега Aтанас Кировски. Неочекувано до масата пристапи едно детуле кое се уште не си ни бричи. Малолетно. Ми се обрати со зборот предавник. Прашав дали воопшто знае што зборува, а тој ме плукна в лице и замина. Детето е злоупотребено. Нарачателот ми познат бидејќи беше присутен во ресторанот Воденица. Пораката е примена. Инспираторот е исто така познат. Миленко Неделковски. Кратко да завршам: Двајцата ќе одговарате а од мојот патриотизам и љубов кон демократска и европска Македонија нема нема да ме одвратите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…