Венгер потврди: Вилшер не сака да потпише нов договор!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер потврди дека клубот му понудил нов договор и сака да ја продолжи соработката со Џек Вилшер, но фудбалерот има други планови и одбива да ја продолжи соработката.

„Не знам што се случува во неговата глава, но клубот сака да остане тука, па затоа има нов договор, но тој не потпиша. Договорот што му го понудивме е долгорочен и се надевам дека тој ќе го прифати“, изјави Венгер.

„Нормално е секој играч да сака да биде платен добро, а нашата политика е да ги задржиме квалитетните играчи. Така да можам да ве уверам дека добиваат доволно пари“, додаде Французинот.

Вилшер на крајот на сезоната ќе биде слободен агент и многу европски клубови се интересираат за неговиот потпис.

Англиските медиуми тврдат дека Евертон е во пол-позиција за неговиот потпис бидејќи му нуди најдобри финансиски услови, а сега во трката се вклучи и новиот премиерлигаш, Вулверхемптон.