Home Спорт Венгер потврди: Ова не е крај, ќе работам и после Арсенал!

Венгер потврди: Ова не е крај, ќе работам и после Арсенал!

Арсен Венгер денес пред медиумите призна дека одлуката да го напушти Арсенал после 22 година не била само негова.

Имено, Венгер пред неколку дена обелодени дека го напушта Арсенал на крајот на сезоната и тоа пред истекот на договорот.

„Самиот момент на објавување на одлуката не беше моја одлука. Никој не ме праша што мислам за тоа“, изјави Венгер на пресконференцијата пред утрешниот меч со Атлетико.

Искусниот француски стратег не ни помислува да се пензионира после заминувањето од „Емирати“.

„Не знам каде ќе работам следната сезона, но сигурно ќе продолжам да работам како тренер. Горд сум на фактот што го давам максимумот за оваа работа и додека имам желба и сила ќе работам. Сакам да продолжам со оваа работа и да пробувам да победувам во секој следен натпревар“, јасен беше Венгер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…