Крај на финскиот „основен приход“: Нема веќе по 560 евра за секој граѓанин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Владата на Финска реши да стави крај на пилот проектот во чии рамки се исплаќаше основен приход на секој Финец, кој привлече многу внимание на светската јавност која го нарече „финска револуција“.

Во моментот има 2.000 невработени Финци кои месечно добиваа исплата од 560 евра како основен приход.

„Желбата на Владата да го продолжи финансирањето исчезнува. Одбија дополнително финансирање“, изјави оли Кангес, еден од авторите на експериментот.

Некои гледаат на основниот приход како начин за привремено невработените да се вработат. Главен аргумент беше дека ако на сите без исклучок им се плати, основниот приход ќе гарантира сигурност. Тоа би можело да помогне по прашањето на се поголемата несигурност на работниот статус.

Поддржувачите велат дека основниот приход че ја зајакне мобилноста на пазарот на труд, затоа што луѓето и понатаму би остварувале приход меѓу две работни места.

Финска двегодишниот пилот прокет го почна во јануари 2017 година, како прва европска земја која тестира безусловен основен приход. Сите 2.000 невработени беа избрани случајно.

Но, проектот нема да биде продолжен по оваа година, а владата сега испитува други можности за реформа на системот на финската социјална заштита.

„Малку сум разочаран што владата одлучи да не го прошири проектот“, вели професорот Кангас, истражувач од Институтот за социјално осигурување, агенција на финската влада.

Вели дека владата го одби барањето на Институтот за дополнителни 40 до 70 милиони евра за финансирање на основниот приход за група вработени Финци, место да го ограничува експериментот на 2.000 невработени лица.

Резултатите од двегодишниот пилот проект ќе се објават на крајот на 2019 година.