Home Актуелно Вечерва од полноќ ново поскапување на дизелот

Вечерва од полноќ ново поскапување на дизелот

Од ноќеска, на полноќ, 25 спроти 26 март, дизелот поскапува за два денара по литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 86 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе продолжи да се продава за 82, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 84, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 81 денар за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,044 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 56,207 денари.

Како причина за новите малопродажни цени од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во просек за 1,322 отсто кај бензините и за 3,21 отсто кај дизелот, како и за 0,016 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…