Home Шоубизнис Вечерва македонска премиера на „Врба“ – најновиот филм од Милчо Манчевски

Вечерва македонска премиера на „Врба“ – најновиот филм од Милчо Манчевски

Со истовремени вечерни проекции во Скопје, Охрид, Штип и Битола, вечерва, 1 ноември, ќе се одржи официјалната македонска премиера на најновото филмско остварување на Милчо Манчевски, „Врба“.

Официјалната премиера за домашната публика ќе биде во филхармонијата од 20.30 часот, а премиери во Скопје ќе има и во кината „Милениум“ и „Синеплекс“ со што почнува и редовното киноприкажување на филмот.

Светската премиера беше на 19 октомври во официјалната селекција на филмскиот фестивал во Рим. „Врба“ е филм за лојалност, љубов, доверба и мајчинство, кој спојува приказни за три млади мајки – едната приказна се случува во 17 век, а другите две се современи. Тие се надополнуваат, а во исто време се и контраст една на друга.

Според режисерот Манчевски, секој филм создава свет и гледачот го сака филмот ако успее да влезе во него и ако тој некаде го однесе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кирк Казинс откри како синовите го прифатиле неговото враќање во Минесота

Двата сина на Кирк Казинс и неговата сопруга Џули со нетрпение ја очекуваат преселбата во …