Вдовица бара 1,2 милиони долари обештетување од државата оти имала премалку секс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралиска вдовица, чиј сопруг починал поради погрешен медицински третман од кој се здобил со сериозни оштетувања на мозокот, сега ја тужи државата и бара обештетување во висина од 1,2 милиони австралиски долари поради недостиг на секс во животот.

Австралијанката Кара Финеган бара 1,2 милиони долари обештетување од државата, зашто веќе не може да има секс со таткото на нејзините четири деца. Нејзиниот сопруг Џејми Финеган починал во 2018 во болница во Брисбејн , по шест години откако му била дадена погрешна терапија.

Неговата мајка смета дека снаат е во право, без оглед што барањето е напишано на вулгарен начин.

По смртта на Џејми, семејството добило околу 10 милиони долари обештетување, од кои 8 милиони се наменети за децата.

Тие ќе ги добијат парите дури кога ќе наполнат 25 години. Здравствените власти при тоа им порачале дека добиле доволно обештетување, па сега Кара и семејството подигнуваат нови обвиненија.