Home Актуелно Вавилон во мало: Не е до законот за двојазичност – до функционерскиот примитивизам е

Вавилон во мало: Не е до законот за двојазичност – до функционерскиот примитивизам е

Кога седите на маса, друштво, и ако еден од екипата не го разбира јазикот на другите, сигурно ако не сите, барем еден ќе се потруди најдобро што може да му го преведе секој муабет, за да може и тој да се вклучи во дискусијата и обратно, да бидат преведени неговите зборови, за сите останати да можат да го разберат.

Или сите ќе прават муабет на англиски (ако го знаат), од почит и култура кон тој еден кој не го разбира нивниот јазик.

Да не правиме муабет за официјални настани, промоции, конференции, трибини, дебати, од научен, културен и друг карактер. Таму преведувачите се однапред обезбедени.

За официјални функционери, министри и останат политички естаблишмент платен директно од џебот на граѓаните, не сакаме ни да коментираме. На крајот, може да се констатира дека не ќе да е проблемот до законот за двојазичност (никој никому не сака да му забрани да се изрази на јазик кој е и официјално признат и воведен во институциите) – туку до некултурата, простотилакот и примитивизмот на функционерите е.

Еве на што личи тоа во пракса.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…