Вардар ги објави цените на билетите за ЛЕ – има блок и поединечни!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Вардар ги објави цените на билетите за натпреварите од Европа Лигата. Македонскиот шампион ќе пушти во продажба блок карти за сите 3 домашни натпревари но и поединечни карти за секој од натпреварите.

Од 1-ви септември почнува продажбата на билети за натпреварите од Лигата на Европа и во првиет десет дена, односно до 10-ти септември ќе се продаваат само блок-карти кои ќе се движат од 1400 до 3000 денари.

После тоа ќе стартува продажбата на поединечни билети кои ќе се движат од 600 до 1200 денари.

Распоред на домашните натпревари на Вардар во Групата Л од Лига Европа:

1. коло: Вардар – Зенит (14.09.2017)
3. коло: Вардар – Реал Сосиедад (19.10.2017)
6. коло: Вардар – Розенборг (07.12.2017)