Home Шоубизнис Ванеса Брајант на суд доби обештетување од 16 милиони долари за објавените слики од несреќата во која загинаа Коби и Џана

Ванеса Брајант на суд доби обештетување од 16 милиони долари за објавените слики од несреќата во која загинаа Коби и Џана

Вдовицата на НБА ѕвездата Коби Брајант, Ванеса Брајант, со судска одлука доби отштета од 16 милиони долари со вчерашната пресуда за случајот кој се водеше во врска со објавените фотографии од телата на нејзиниот сопруг и ќерката Џана, кои загинаа во хеликоптерска несреќа во 2020 година, кои ги споделиле спасувачите.

Судот во Лос Анџелес досуди 31 милион долари отштета, од кои 16 милиони ѝ се на Ванеса Брајант поради фотографиите направени од спасувачите на местото на несреќата, во која покрај Брајант и Џана загинаа уште седум лица. Вработените во канцеларијата на шерифот и пожарникарите кои дојдоа на местото на несреќата во јануари 2020 година направија фотографии на кои се наоѓаат посмртните останки на легендарниот кошаркар и неговата ќерка Џана.

Ванеса Брајант го тужи округот Лос Анџелес за нарушување на приватноста, откако ги обвини канцеларијата на шерифот и противпожарната служба за споделување грозоморни фотографии. Крис Честер, чија сопруга и ќерка исто така загинаа во несреќата, доби отштета од 15 милиони долари.

Во текот на судењето било утврдено дека спасувачите им ги покажале фотографиите на луѓе кои немаат никаква врска со случајот, вклучително и келнер, а агент на шерифот му ги испратил фотографиите на пријател. Одбраната рече дека фотографиите не се објавени, но Ванеса Брајант и Крис Честер рекоа дека живеат во постојан страв дека во одреден момент ќе бидат објавени на интернет.

Округот Лос Анџелес веќе се согласил да плати 2,5 милиони долари за да се реши сличен случај што го поднесоа семејствата на другите жртви на несреќата. Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари во историјата, кој се пензионира во 2016 година, имаше 41 година кога загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија во 2020 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …