Home Спорт Валверде спреми нова тактика за Ливерпул, најголема „жртва“ е Кутињо

Валверде спреми нова тактика за Ливерпул, најголема „жртва“ е Кутињо

Фудбалерите на Барселона утре гостуваат на „Енфилд“ во реванш полуфиналниот дуел од Лигата на шампиони.

Барселона во првиот меч ја покажа својата сила и победи со високи 3:0, но сигурно дека нема опуштено да влезе во реванш дуелот, бидејќи Ливерпул на „Камп Ноу“ покажа дека може да биде и тоа како опасен.

После минатогодишиот шок кога испаднаа од Рома во четвртфиналето, оваа сезона Валверде ќе даде посебно значење на тактиката.

Шпанските медиуми денес шпекулираат за тоа со каква тактика ќе изглезе Барселона на „Енфилд“. „Мундо Депортиво“ верува дека тоа веројатно ќе биде формација 4-4-2 со која Барса играше неколку пати сезонава.

Доколку Валверде излезе со таа формација, тогаш „жртва“ ќе биде Филипе Кутињо, кој ќе остане на клупата.

Во тој случај десен бек ќе биде Нелсон Семедо, додека Серџи Роберто ќе заигра во средниот ред. Исто така потврдено е дека нема да игра Осман Дембеле поради повреда.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…