Home Живот и здравје Вака најлесно ќе се раатисате од непријатните комарци

Вака најлесно ќе се раатисате од непријатните комарци

Кога доаѓа лето, во пакет со убавините и удобностите кои ги носи, доаѓаат и жештината, но и комарците како едни од најдосадните, но и непријатни инсекти.

За полесно справување со нив постојат серија спрејови и препарати. Сепак, постои начин да ги избркате, и тоа многу поевтино и поефикасно од веќе споменатите спрееви и другите препарати.

Потребен ви е само еден лимон и каранфилче.

Лимонот исечете го на половина, и во секоја половина вметнете парчиња од каранфилчето. Така подготвениот лимон ставете го на местото каде што спиете, па на тој начин овие досадни инсекти ќе избегаат од вас.

Многу е едноставен и евтин, а сè што ви е потребно се овие две намирници.

Овој народен препарат исто така делува и за мравките и мувите, а одличен е и како освежувач за просторија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …