Вака изгледа Роналдо кога цел натпревар ќе го помине на клупа (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити славеше со 6-3 прогив Манчестер јунајтед во големото градско дерби, а некој ако е понижен, тогаш дефинитивно тоа е Кристијано Роналдо.

Роналдо се врати во Јунајтед минатата сезона и сакаше да постигне многу успеси, но сепак клубот не игра како што се очекува, а Португалецот против Сити доби големо понижување од тренерот Ерик Тен Хаг.

Ниту самиот Роналдо не очекуваше дека ќе го пропушти дербито затоа што сите 90 минути остана на клупата, а тоа е навистина чудна одлука на Тен Хаг.

Камерите на „Итихад“ неколку пати го снимија Роналдо како го покажува своето незадоволство затоа што не доби шанса на теренот, но и поради лошата игра на неговите соиграчи.