Home Вебкафе Вака изгледа кога покрај вас ќе „прелета“ Мерцедес со 332 км/час (снимка)

Вака изгледа кога покрај вас ќе „прелета“ Мерцедес со 332 км/час (снимка)

Трката со максимална брзина на возилата по германските автопати каде нема ограничување на брзините најчесто се забележува во POV стил, од перспектива на возачот, а сега имаме можност да ја согледаме ситуацијата од сосема поинаков агол. Видеото подолу покажува како изгледа кога еден брз автомобил ќе „прелета“ покрај вас со голема брзина од перспектива на друг учесник во сообраќајот.

Напредниот автомобил на Мерцедес е снимен од автомобил на десната лента што се движел со брзина од 80 км / ч. AMG E63 S Wagon забрзал и го претекнува со 332 км на час. И за целосен впечаток, да речеме дека возачот на автомобилот од кој е снимен кабриолетот не бил многу среќен од страшната глетка. Германските портали се шегуваат дека во видеото не бил забележан само звукот на полнењето на неговите гаќи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Таинствената вила на Лагерфелд продадена за 4,7 милиони евра – а поминал само една ноќ во неа

Не, не е сцена од филм, ова навистина се случило: легендарната вила на Карл Лагерфелд, „Па…