Утрово почувствуван земјотрес во Студеничани и Драчево


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Земјотрес со јачина од 2,5 степени според европската сеизмичка скала утрово во нешто после девет часот, се случи во близина на Студеничани и Драчево.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, и бил почувствуван во овие населени места.

Во последните три дена серија на земјотреси беа почувствувани во околината на Битола. Епицентрите беа во соседна Грција, во близина на Лерин. Најсилниот 5,6 степени придонесе за пукнатини на ѕидовите и материјални штети. Голем број на жителите на Битола ноќта ја минаа во автомобилите, а афтершокови од земјотресот и натаму се чувствуваат во таа област.