Утре стапува на сила новото олабавување на рестриктивните и превентивни мерки против Ковид-19


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Главниот координативен кризен штаб на Владата на денешниот состанок ги разгледал и ги прифатил препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките за заштита од ковид-19 и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница.

На состанокот на Главниот кризен штаб се усвоени седум предлози до Владата во однос на олабавување на рестрикциите.

По исцрпната дискусија и имајќи ја предвид поволната моментална епидемиолошка состојба со ковид-19 во државата, која се карактеризира со намалување на 14-дневната инциденца на позитивни случаи и на позитивни тестови за ковид-19 во однос на вкупниот број тестирани лица, како и со намалување на бројот на активни случаи и бројот на хоспитализации, по препорака на Комисијата за заразни болести, беа донесени препораки за олабавување на мерките, почнувајќи од 1 јуни 2021 година“, информираа од Владата.

Укинување на мерката носење заштитна маска на отворено, со препорака за носење маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

Да се дозволи присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено, до 30 проценти од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите од 1,5-2 метри (три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од ковид-19.

Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на повеќе од 4 лица.

Да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол.

Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од четири лица на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата на масата.

Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина

Продолжува да важи мерката за полициски час до 15.6.2021 година.