Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Министерството за животна средина и просторно планирање ја потсетува јавноста дека од утре (среда) стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.
Од Министерството објаснуваат дека овој Закон предвидува:
Се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот во Република Македонија.
Се забранува пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во Република Македонија.
По исклучок од ставот (1) на овој член, со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот во Република Македонија биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки ( чијшто дебелина е пониска од 15 микрони).
Надоместокот кој треба да го плаќаат крајните корисници од ставот (3) на овој член за биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и истиот се плаќа на трговецот на местото на продажба ( надоместокот е со вклучен ДДВ).
Целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „ загадувачот плаќа“.
Производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост. Напоменуваме дека стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот Закон, а пропишани во 2013г.