Утре протест на родителите кои не сакаат нивните деца да учат од дигитални учебници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Родителите кои не сакаат нивните деца да учат од таблет, утре ќе излезат на протест во сите градови низ земјава. Бараат Министерството за образование да се откажа од законот кој предвидува дигитализација на учебници. Фисник Рустеми, родител на три деца ги повика граѓаните да излезат да му се придружат да протестот.

-Утре треба да излеземе за доброто на нашите деца, да ги земеме и децата, и бабите, и дедовците и пријателите. Да ѝ покажеме на министерката дека греши. Не може да има толку драстични реформи во време на пандемија, кога нема ниту една анализа, ниту една статистика. Не беа прашани ниту родителите, ниту учениците-рече Рустеми.

Од иницијативата „Учебници и настава мора да има“, велат дека протестот во Скопје ќе почне од пред МОН, а во другите градови собирното место ќе биде пред општинските згради.

Од ресорното министерство објаснуваат дека реформата во образовните систем е неопходна и дека процесот ќе тече етапно.

-Реформата на образовниот систем е потребна и според мнозинството наставници и родители, дури и задоцнета. Со новите наставни програми, учениците се ставаат во центарот на образовниот систем. Министерството за образование и наука ги разбира дилемите што ги имаат родителите. Промените од есен ќе стартуваат во прво и четврто одделение-велат од МОН.

Протестите уследија поради тоа што МОН не се откажува од носењето нов закон за учебници за средно и основно образование.