Уставен ја прогласи за законска поништената аболиција на бившиот претседател Иванов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со пет гласа „за“ и три „против“, уставните судии одлучија дека повлекувањето на помилувањата од страна на екс претседателот Ѓорге Иванов останува на сила. Со оваа одлука, на обвинетите во предметите на поранешното СЈО продолжува да им се суди.

Во 2016 година, тогашниот прв човек на Македонија, Иванов аболицираше 56 лица, а потоа ја поништи аболицијата.

Иванов првин на 12 април по непостоечки член 11 од законот за помилување, ги амнестираше повеќето од можните осомничени од кривичните пријави кои тогаш опозициониот СДСМ ги поднесуваше кај Марко Зврлевски и сегашниот судија од Стразбур Јован Илиевски. Целата јавност се чудеше откај ги дознал Иванов имињата во тие тајни и уште непочнати истражни постапки.

Потоа, кога навистина некои од нив беа осомничени од СЈО, како Никола Груевски, Сашо Мијалков и други, Собранието со високо мнозинство од скоро сите пратеници, изгласа член 11-а според кој, помилуваните лица од Иванов без да ги праша, по негова лична желба, може да побараат тој да ги повлече амнестиите дадени без нивна дозвола, и на суд да докажат дека се невини.

Со помош на тој член, неуставно амнестираниот Груевки и соработниците, еден по еден побараа да им бидат повлечени амнестиите и невиноста да ја докажат пред судовите.

Во меѓувреме, собраниската законодавно-правна комисија заклучи дека нема потреба ни таа, ни Собранието да расправаат за уставноста на член 11, или во превод за уставноста на амнестиите на Иванов, зашто кога амнестирал, тој член не постоел на хартија, во законот за помилување, никаде. Комисијата процени дека амнестијата била незаконска тотално, и нема да расправа за нешто што не постои во законот.