Home Актуелно Уште еден сончев и топол есенски ден

Уште еден сончев и топол есенски ден

Крајот на октомври го задржува трендот на топли и пријатни есенски денови. Денешниот 27 октомври во Македонија утрово носи појава на магла по одделни котлини, додека во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје, претежно сончево со услови за слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во претстојните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Во среда, особено во јужните делови, а во петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…