Уште еден сомнителен пакет: Овојпат на адреса на Роберт Де Ниро, се работи ли за уште еден експлозив?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сомнителен пакет, сличен на оној кој им е испратен на мрежата на Си-Ен-Ен и некои американски демократи, пристигна на адреса во ресторан во Њјурок чиј сопственик е актерот Роберт Де Ниро.

Повикувајќи се на извори во полицијата, Ен-Би-Си јави дека пакетот пристигнат во ресторанот, „Трибек Грил“ рано утринава по локално време.

Ако има врска со претходните пакети, тоа ќе биде осмиот пакет со експлозивна направа.

Де Ниро е познат како гласен противник на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Полицијата во Њујорк соопшти дека ресторанот бил празен во времето кога пакетот пристигнал на адресата.