Руски хакери одговорни за нападот на фабриката во Саудиска Арабија?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Руска истражувачка група, која е под контрола на државата е доведена во врска со нападот на фабриката во Саудуска Арабија, по кој дојде до неколку експлозии.

Нападот се случи во август 2017. година, и ги погоди нафтените и гасни постројувања во споменатата фабрика, кои функционираа со помош на техонологијата на француската компанија, Шејдер Електрик. Нападот е опишан како погубен, со оглед на тоа дека првпат се случило напаѓачите да успеат да ја преземат контролата над системот кој е задолжен за гасење на простојувањата во случај на опасност, и кој е наменет за тоа да ги чува човечките животи.

Сајбер-сигурносната група FierEye откри дека Централниот научен институт за хемија и механика кој се наоѓа во Москва е одговорен за дел од малверот кој го загрозил системот, и е користен од група хакери. Малвер е познат под името Тритон, и се користи за репрограмирање на сигурносните системи во рамки на фабриката.