Home Вебкафе Уште еден настан жртва на коронавирусот: Откажан мастерсот во Индијан Велс

Уште еден настан жртва на коронавирусот: Откажан мастерсот во Индијан Велс

Коронавирусот почна да ги принудува и организаторите на големите спортски настани да ги откажуваат спортските манифестации. Прва жртва од големите спортски турнири е тенискиот мастерс турнир во Индијан Велс.

Првиот Мастерс оваа година е откажан поради коронавирусот. Нема да се игра турнирот во Индијан Велс.

„Разочарани сме, но здравјето и безбедноста на заедницата, навивачите, играчите и сите останати кои учествуваат на турнирот е на прво место. Се надеваме дека ќе успееме да најдеме нов термин за одигрување на турнирот“, стои во соопштението на организаторот.

Со изјава преку својот твитер профил се јави и Рафаел Надал.

„Веројатно сите ги слушнавте вестите. Индијан Велс е откажан. Сите ние сме тука и одлучуваме што е следно. Многу сум тажен што сето ова се случува во светот со оваа ситуација. Се надевам дека наскоро властите ќе најдат решенија. Бидете добри и безбедни“, напиша Надал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…