Home Шоубизнис Уште еден милијардерски развод: Се разведуваат Бил и Мелинда Гејтс

Уште еден милијардерски развод: Се разведуваат Бил и Мелинда Гејтс

Планетарно познатиот технолошки иноватори, милјардер и филантроп, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда објавија дека се разведуваат по 27 години брак.

„Повеќе не веруваме дека можеме да се развиваме како пар во следната фаза од животот“, напиша на Твитер Бил Гејтс коосновач на „Мајкрософт“.

Тој додаде дека двајцата решиле да го прекинат бракот по многу размислување и работа на нивната врска.

„За 27 години, воспитавме три деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на луѓето да живеат здрав, продуктивен живот. Ние продолжуваме да споделуваме верба во таа мисија и ќе продолжиме да работиме заедно во фондацијата”, се вели во објавата со молба за „простор и приватност”.

Во 2000 година, двојката ја основа непрофитната фондација Бил и Мелинда Гејтс, во која се копретседатели и доверители.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…