Урсула пристигна во Македонија – ја пречека вицепремиерот Никола Димитров


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес попладне пристигна на скопскиот аеродром каде ја пречека вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

„Посетата е силен сигнал за потребата од дејствување и за исполнување на европското верување: почеток на преговорите. Исчекор ни е повеќе од потребен за да ја вратиме вербата и надежта на младите луѓе во европската идеја и перспективата за европски начин на живот дома“, напиша Димитров на социјалните мрежи по пристигнувањето на Фон дер Лајен.

Лајен во Северна Македонија пристигна од Албанија, каде што рече дека нејзината порака е јасна оти иднината на Албанија е во ЕУ.

Лајен од Албанија ја започна турнејата на Западен Балкан: Мојата порака е јасна, иднината на Албанија е во ЕУ

На платото пред Владата таа ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев, по што ќе одржат средба на која ќе присуствуваат и Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Заев и Фон дер Лајен ќе одржат заедничка прес-конференција во кино „Фросина“ во МКЦ, кое е реновирано со средства од ЕУ.

Подоцна Фон дер Лајен ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на вечерата што ќе ја приреди шефот на државата, во присуство на претседателот на Собранието Талат Џафери и други високи претставници.