Home Актуелно Украинското МО тврди: Околу 800 загинати во руските воени редови од почетокот на руските воени дејствија во Украина

Украинското МО тврди: Околу 800 загинати во руските воени редови од почетокот на руските воени дејствија во Украина

Одбранбените операции на украинската армија резултираа со околу 800 жртви меѓу руските војници од почетокот на воените дејствија вчера во раните утрински часови.

Ова го покажуваат податоците на украинското Министерство за одбрана, пренесени од Си Ен Ен. Сепак, американскиот медиум нагласува дека неговите извори не можат со сигурност да ја потврдат веродостојноста на податоците.

Покрај тоа, според украинската страна, уништени се повеќе од 30 руски тенкови, како и седум авиони и шест хеликоптери.

Истовремено, украинската армија го разнесе мостот на реката Тетерев, на околу 50 километри од главниот град Киев, со цел да им го отежне преминот на конвојот од руски тенкови преку главниот град.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…