Укината суспензијата на Челзи: Ова се првите трансфер мети!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жалбата до Спортскиот суд за арбитража вроди со плод, па казната на Челзи беше намалаена и од јануари „сините“ ќе можат да купуваат.

Лампард и покрај тоа што не можеше да купува играчи по своја желба со помош на некои помлади играчи кои блеснаа Челзи и нема така лош почеток. Клубот се наоѓа на четврата позиција и сигурно можноста да купуваат ќе им помогне во борбата за место во топ 4.

Англиските медиуми тврдат дека Челзи сигурно ќе биде активен во јануарскиот трансфер пазар, а Лампард сака да го промени нападот, но и да го засили средниот ред.

Она што е реално за целите на Лампард во јануари се двајца напаѓачи. Имено, Абрамовиќ е спремен да издвои пари за Тимо Вернер, но и одличниот Калум Вилсон кој игра добро во Борнмаут. Лампард смета и на Абрахам кој добива поддршка, не верува во Жиру кој сака да го напушти клубот, како и заборавениот Батушаи.

Што се одлесува до средниот ред најголема желба е ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и „сините“ наскоро спремаат понуда за Србинот.