Угостителските објекти од 21 јануари ќе работат до 21 часот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако од независната угостителска комора велат дека нема никакво посебно влијание на панедемијата дали објектите ќе работат до 21 или 23 часот, но за угостителите, најавеното олабавување сепак би имало позитивен ефект врз работата.

За да се врати во нормала овој сектор, како што тврдат, потребно е да се врати старото работно време. Тоа значи до полноќ во работната седмица, а до 1 часот за време на викендите. Во меѓувреме, апелираат државата да не ги заборава другите мерки.

„Угостителството без субвенција за плата за вработените во наредниот период нема да издржи. Втората мерка беше дополнителни кредити исклучиво наменети за угостителскиот сектор“, рече Здравко Јосифовски -Независна угостителска комора.

Согласно последна одлука на Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, рестораните и кафулињата по 21 јануари, наместо до 18, ќе можат да работат до 21 часот. Овој сектор од почеток на пандемијата има многу рестриктивни мерки со ограничување на работното време, забрана за жива музика, за организирање на прослави, забави, свадби и слично.

Угостителите засега ги користат сите мерки кои се на располагање како субвенции за плата и бескаматни кредити. Но, од оваа бранша бараат за следниот пакет мерки, владата да ги третира посебно од останатиот дел од стопанството бидејќи тврдат дека рестрикциите најмногу го погаѓаат нивното работење.