Home Спорт УЕФА по грешка ги објави стартните постави за финалето

УЕФА по грешка ги објави стартните постави за финалето

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул на програмата е вечерва од 20:45 на Оимпискиот стадион во Киев.

Откако пред три недели на својата официјална страница објави дека Ливерпул е нов европски шампион, УЕФА денес направи нов пропуст.

Иако Зидан и Клоп на официјалните пресконференции не сакаа да ги објават стартните постави за вечерашното финале, сепак во јавност се појави фотографија од стартните постави на двата тима.

Ден пред финалето на Олимпискиот стадион во Киев на еден од мониторите беа прикажани стартните постви на Ливерпул и Реал Мадрид.

Претставниците на УЕФА се извинија за пропустот, но потенцираа дека станува збор за вообичаена проба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…