Home Спорт УЕФА може да го исфрли ПСЖ од Лигата на шампиони

УЕФА може да го исфрли ПСЖ од Лигата на шампиони

Пари Сент Жермен може да остане без учество во Лигата на шампиони следната сезона, пренесуваат француските медиуми.

УЕФА во детали ја прегледува финансиската политика на „светците“ и има сериозни индиции дека ПСЖ го прекршува Финансискиот фер-плеј.

Минатото лето на „Паркот на принцовите“ пристигна Нејмар за кого парискиот клуб искешира 222 милиони евра.

Во исто време во Париз пристигна и Килијан Мбапе, кој според формулата на трансферот дојде како позајмен фудбалер со задолжителен откуп од 180 милиони евра.

Според правилата на УЕФА секој клуб кој се учествува во европските натпреварувања, не треба да има поголеми загуби од 30 милиони евра.

Поради тоа можни се санкции за ПСЖ, а не е исклучена и можноста клубот да биде исфрлен од Лигата на шампиони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…