Home Спорт Удинезе потврди: Несторовски е наш!

Удинезе потврди: Несторовски е наш!

Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби официјална потврда – Илија Несторовски кариерата ќе ја продолжи во Удинезе.

Македонскиот голгетер после изфрлањето на Палермо во Серија Ц е слободен играч и веќе има постигнато договор со Удинезе.

Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Несторовски веќе ги поминал лекарските прегледи и наскоро ќе стави потпис на договорот.

Тоа денес го потврди и директорот на Удинезе, Пјерпаоло Марино, кој изјави дека македонскиот голгетер ќе се пресели на „Фриули“.

„Несторовски е наш. Наскоро ќе му се приклучи на тимот на подготовките“, потврди Марино.

Несторовски со Удинезе потпише 3-годишен договор со опција за четврта година и ќе заработува 1 милион евра по сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…