Удар за Хрватска: „Коцкестите“ останаа без еден од најважните фудбалери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Непријатни вести пристигнаа од таборот на хрватската репрезентација во пресрет на полуфиналето на Мундијалот против Англија.

Стартниот десен бек на „коцкастите“, Шиме Вршаљко нема да биде на располагање на тимот за натпреварот со „Гордиот Албион“, поради повреда на коленото.

Тој беше заменет принудно во 97-та минута во четвртфиналната битка со Русија и нема да се опорави навреме за следниот дуел, информираат хрватските медиуми.

Селекторот Златко Далиќ најверојатно ќе го премести херојот од продолженијата во минатиот меч, Домагој Вида на десен бек, а ветеранот Ведран Чорлука ќе заигра во центарот на одбраната, заедно со Дејан Ловрен.

Отсуството на Вршаљлко е голем удар за Хрватите, бидејќи досега играше на сите натпревари и има вкупно 39 натпревари со националниот дрес.