Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Исеи Сагава во 1981 година ја намамил својата колешка од факултет во неговиот стан во Париз, ја убил, го силувал нејзиниот леш, а потоа ја изел. Не поминал долго време во затвор, а денес мирно живее во Јапонија, дава интервјуа, пишува книги…
Сагава ниту еден ден не поминал во затвор иако својата млада колешка ја исецкал на парчиња и ја изел. Поминал 15 месеци во лудница, но од таму изгледол како слободен човек и од тогаш во својата земја живее како селебрити.
Исеи Сагава е роден 1949 во богато семејство во јапонскиот град Кобеу и бил брилјантен студент на кого сите му предвидувале светла иднина. Заминал во Париз да студира книжевност на престижната Сорбона.
Секогаш се забавувал со високи и згодни девојки, па за око му паднала 25-годишната Холанѓанка Рене Хартевелт. Се спријателиле, почнале да се дружат, му се допаѓала нејзината насмевка и веселиот карактер.
Некои делови ги зготвил, некои ги јадел сурови
Една вечер ја повикал во стан на вечера. Таа на 11-ти септември 1981 година дошла во неговиот стан и таа вечер била последна во нејзиниот живот. Ја убил со пушка од зад грб додека седела на масата.
Потоа го направил она што од првиот момент го планирал. Да ја изеде. Отсекол парчиња од нејзиниот задник, бутови и дојки и ги изел. Некои делови ги зготвил, а некои ги јадел сурови. Така осакатеното тело го силувал.
Ја избрал Рене затоа што му била исклучително убава и здрава, а тие карактеристики Сагава ги сакал за себе. Сметал дека нејзината енергија ќе премине на него доколку ја изеде.
Го прогласиле за луд и го вратиле во Јапонија
Ја јадел два дена, а месото го опиша како меко и без мирис. По вкусот го потсетувало на туна. Остатокот од телото го спакувал во куфери и го однел во парк, но некој го видел, па е уапсен пет дена подоцна.
Веднаш се признал, а француските психијатри го прогласиле за луд. Го вратиле во родната Јапонија каде го сместиле во лудница. Со оглед на фактот што во Франција сметале дека случајот е затворен со тоа што е прогласен луд и депортиран во татковината, судот во Јапонија не му можел ништо.
Тој во Јапонија станал позната личност. Давал интервјуа и пишувал книги за својот злочин. Често го викале како гостин во разни ТВ и радио емисии, а пишувал и рецензии за јапонски ресторани.
„Жал ми е но морав да го изедам“
„Кога денес ќе се сетам како Рене беше нежна се прашувам зошто го направив тоа и чувствувам страшна одговорност. Но едноставно сакав да ја изедам. Тоа не значи дека сакав да ја убијам, но сватив дека морам да ја убијам доколку сакам да ја изедам“, изјави Сагава во едно свое интервју.
Тој и ден денес мирно живее во Јапонија, а признава дека сеуште има канибалски фантазии, но дека веќе никого не планира да убие и да го изеде.