Home Шоубизнис Убавицата која влезе во животот на Касиљас на местото од Сара Карбонеро

Убавицата која влезе во животот на Касиљас на местото од Сара Карбонеро

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, шпанската фудбалска легенда Икер Касиљас има нова девојка.

Славниот капитен на Реал Мадрид и Шпанија Касиљас по крајот на 12 годишниот брак со убавата водителка Сара Карбонеро ја пронашол новата љубов.

Касиљас сега е во врска со Марија Хозе Камача, 43-годишна поранешна фудбалерка чие минато е обележано со трагедија. Имено, нејзиниот поранешен сопруг Франсес Арнау, кој беше голман на Барселона и Малага, си го одзеде животот во мај минатата година.

Во последните месеци се шпекулираше дека Касиљас е во врска со неколку жени, но сите по ред тоа го демантираа. Меѓутоа, сега се појавија фотографии на кои Икер и Марија разменуваат нежности и сосема е јасно дека се во емотивна врска која започнала пред три месеци.

Инаку, Икер Касиљас во летото во 2020 година поради проблеми со срцето и стави крај на фудбалската кариера во која 16 години на голот на најтрофејниот Реал Мадрид за кого одигра 725 натпревари, а потоа од 2015 до 2020 година беше на голот на Порто .

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …