Home Вебкафе Уапсена навивачката на Ривер Плата која „го китеше“ своето дете со пиротехника

Уапсена навивачката на Ривер Плата која „го китеше“ своето дете со пиротехника

Светската јавност беше во шок кога на интернет беше објавена видео снимката од една контроверзна ситуација снимена во Буенос Аирес, на која се гледа како една мајка, навивчка на Ривер Плата, лепеше пиротехника на стомачето од својата ќерка за под нејзината блузичка да ја прошверцува на стадионот на кој требаше да се игра најголемото аргентинско фудбалско детби меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата.

Два дена откако снимката стана витална на интернет, жената е уапсена и приведена. Потсетуваме, истиот ден имаше многу нереди на улиците на Буенос Аирес, нападнати беа играчите на Бока, па мечот беше одложен.

Јужноамериканската фудбалска федерација КОМНЕБОЛ утре треба да донесе конечна одлука кога ќе се одигра натпреварот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…