Home Спорт Уапсен напаѓачот на автобусот на Дортмунд – причината е бизарна!

Уапсен напаѓачот на автобусот на Дортмунд – причината е бизарна!

Германското обвинителство соопшти дека е уапсен осомничениот за неодамнешниот бомбашки напад врз автобусот на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд.

Русин со германско државјанство е осомничен за нападот врз автобусот кој фудбалерите на Борусија Дортмунд ги превезуваше од хотелот до стадионот. Германското обвинителство објави дека е уапсен 28-годишниот Сергеј В.

Обвинителите се сомневаат дека тоа го направил од финансиски причини. Имено, тој верувал дека после нападот вредноста на акциите на Борусија Дортмунд драстично ќе опадне на берзата.

Германските медиуми објавија дека Сергеј В. на денот на нападот бил во истиот хотел во кој биле сместени и фудбалерите и дека неговата соба гледала кон улицата, во која се случија експлозиите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…