Неверојатно: Одржана минута молчење за играч кој е на терен и спремен за игра!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ситуацијата која се случи на фудбалскиот натпревар Индепендиете и Сантос се граничи меѓу неверојатна и бизарна.

Овој натпревар од Копа Либертадорес заврши 0:0, но се остана во сенка на минутата молчење која се случи пред првиот свиреж на судијата.

„Дами и господо, ве молам да станете и да одржиме минута молчење за Рикардо Оливеира, играчот на Сантос. Нека почива во мир“, беа зборовите на официјалниот спикер на стадионот во Богота.

Потоа почна музика на погребен марш, на што цел стадион стана и ми оддаде последна почит на фудбалерот.

Се ќе беше во ред доколку истиот Рикардо Оливеира не беше на терен, во дрес, спремен за игра.

„Искрено во тој момент не сватив ништо“, изјаво Оливеира, кој и самиот себе си одржа минута молчење.

Минутата молчење требаше да се одржи за Александре Канека, поранешен фудбалер на Сантос, кој почина на 60-годишна возраст.