Твитер воведува можност за забрана за одговори на „твитовите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На работилницата која Твитер ја организираше во средата на Саемот за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас, од компанијата најавија дека на оваа социјална платформа наскоро ќе се воведат новитети кои ќе го променат концептот на истата каква што ја знаевме досега.

Корисниците ќе можат да одредат кој смее да одговара на нивните објави, на пример само оние кои се споменати или некоја посебно формирана група. Ќе биде овозможена и целосна забрана за одговарање.

Целта на компанијата е да спречи „затрупување“ на оригиналните пораки со голем број одговори како и потсмевање.

Ограничувањето на одговори може да се направи пред објавата на твитот, а и понатаму секој може да го цитира вашиот твит и да го споделува со други корисници.

Се верува дека со тоа ќе се намали бројот на корисници кои своите профили ги држат заклучени за јавноста.

Твитер моментално ја тестира оваа опција и не објави кога ќе стане активна.