Home Спорт Црно му се пишува: Арда Туран може да добие 12 години затвор!

Црно му се пишува: Арда Туран може да добие 12 години затвор!

Турската фудбалска ѕвезда Арда Туран се соочува со драконска затворска казна поради инцидентот кој го направи во еден ноќен клуб во Истанбул.

Имено, Арда Туран може да лежи 12 и пол години затвор за инцидентите, по кои пејачот Беркај Шахин заврши во болница во октомври минатата година.

31-годишниот фудбалер се додворувал на сопругата на Беркај, а потоа и физички го нападна и му нанесе тешки телесни повреди.

Туран се соочува со четири тешки дела на судското рочиште против него кое стартуваше токму денеска, на кое се појави и самиот фудбалер.

Во обвинението против Арда постојат дела за сексуално вознемирување, нанесување телесни повреди, носење оружје во болница, како и поседување на оружје на нелегален начин.

https://youtu.be/TQSOAtRRgyQ

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…