Црн рекорд во Русија: Најмногу починати во еден ден како последица од Ковид-19 од почетокот на пандемијата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во последните 24 часа во Русија, како последица од Ковид-19 починаа 737 лица, што е највисока бројка на починати во еден ден од почетокот на епидемијата.

Заклучно со вчерашниот ден се регистрирани 23.378 новоинфицирани со коронавирусот и во споредба со минатата недела, бројот на заразени на дневна основа е двојно зголемен.

Сепак, и покрај наглиот пораст на бројот на заразени, Кремљ вели дека не се планираат понатамошни рестрикции. Од почетокот на епидемијата, повеќе од 5,6 милиони луѓе биле заразени во Русија, а 139.316 починале.

Се верува дека бројките се дури и поголеми од официјално објавените.