ЦК на ВМРО ДПМНЕ: Не смее да има редефинирање на Македонија


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



ВМРО ДПМНЕ синоќа одржа Централен комитет на кој донеле заклучок со кој Извршниот комитет и партијата треба да продолжат да се спротиставуваат на обидите за редефинирање на Македонија од мултиетничка во бинационална држава.

Не смее да се дозволи реализација и на останатите фази од процесот кои подразбираат менување на банкнотите, воведување на албанскиот како официјален јазик, кантонизација и федерализација, но и отпочнување преговори за менување на химната, грбот и знамето како вовед во промена на името и идентитетот, се вели во нивното соопштение.