Цели 25 години јаде едно исто јадење


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Викторија Бекам со години ја одржува витката линија, а нејзиниот сопруг Дејвид открива кој фактор е најзаслужен за нејзиниот физички изглед.

Во подкастот River Cafe Table 4, тој се пожалил дека Викторија го јаде истото јадење цели 25 години. Сака риба на скара и зеленчук на пареа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Поранешниот фудбалер вели дека сака да експериментира во кујната, и дека неговата сопруга ретко отстапува од нејзиното мени.

„Станувам многу емотивен за храната и виното. За жал, оженет сум со некој кој јаде иста храна веќе 25 години. Откако ја запознав, таа јаде само риба на скара и варен зеленчук, ретко ќе направи исклучок“, рече Дејвид.

„Единствениот пат кога сакаше да јаде нешто од мојата чинија беше кога ја носеше нашата ќерка Харпер и беше неверојатно. Тоа беше еден од моите омилени моменти. Не се сеќавам каква храна беше“, додава тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Неодамна бил сам дома и открил дека сака да се почести со добра храна.

„Неодамна бев во изолација пет дена бидејќи бев во Италија, а родителите на Викторија имаа забава, но не можев да одам поради тоа. Така што никој не беше дома освен мене и ми се допадна. Ги изедов двете најневеројатни парчиња месо. Пиев прекрасно вино и попладнето гледав фудбал “, вели Дејвид.

По виното и фудбалот, Дејвид подготвувал храна на скара и вели дека таквите вечери му се омилени.

Претходно Викторија открила дека не јаде храна подготвена со масло, путер и сосови и дека избегнува црвено месо и млечни производи. Сака тост или зеленчук на пареа со малку зачин, вели таа.

„За повеќето ресторани, јас сум веројатно најлошата клиентка. Обожавам зеленчук на пареа. Сакам да готвам храна на многу едноставен начин. Не сакам масла, путер или сосови”, рекла Викторија која секојдневно вежба.