Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерката за образование, Мила Царовска, тврди дека нема заразени ученици во училиште, односно сѐ уште нема интерна трансмисија на зараза со Ковид-19 во ниту едно училиште, откако вчера беа објавени информации дека има позитивни ученици, кои на 1 септември дошле на физичка настава.
Царовска вели дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат и епидемиолошките служби се на терен и постапуваат.
„Покажување со прст на школо или ученик нема да донесе добро никому. Но значајно е дека целите здравствени служби се ставени на располагање и постапуваат. Тие што треба да знаат, како родители, наставници и ученици знаат, си имаат добиено решенија и се постапува согласно протоколите“, изјави денеска Царовска.
Претходно, МОН преку соопштение објави дека врз основа на податоците добиени од раководствата на училиштата на втори септември, само 0,01 % меѓу учениците се активни случаи на Ковид-19, а ист е процентот и кај наставниот кадар.
Денешното соопштение од МОН е откако вчера повеќе медиуми објавија дека се пријавени првите случаи на заразени ученици, по само два дена од почетокот на учебната година, која започна со физичко присуство по една и пол година учење на далечина.
Од Министерството за здравство велат дека добиле податоци за вакви случаи и повеќе детали најавија за денеска.